За WOW на неделата ја одбравме дефинитивно една од најубаво стилизираните холивудски дами Блејк Лајвли, која на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал се појави во балска креација во црно бела комбинација од модната куќа Гучи. Изгледот го надополни со алка, ѓердан и дијамантски обетки од Лорен Шварц. Актерката изгледаше како вистинска принцеза!

За LOL на неделата ја избравме Елена Ленина која на премиерата на филмот „Mr. Turner“ на Канскиот филмски фестивал се појави во дефинитивно необично и смешно издание.  Актерката на црвениот килим се појави во целосен долг фустан во циклама нијанса кој ја прати структурата на телото и малку широк на долниот дел. Но тоа што дефинитивно е нејасно во изгледот е модниот додаток со кој таа изгледа како да е накитена со лампиони. Конфузниот изглед е комплетиран со пунџа и клач чанта. Целта на Елена дефинитивно била да привлече внимание,  само што тоа го направила во негативен контекст. Апсурдно е да се коментира како треба една дама да изгледа на манифестација од овој тип и кој дрес код треба да се запази. Токму затоа таа е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Без категорија