Хатон која што сега има 70 години, беше „Кејт Мос на нејзиното време“, речиси исто толку популарна и со вртоглаво богата модна кариера баш како и Мос. Таа вели дека дури и во седумдесеттите години во модната индустрија се правеле милиони долари заработувачка. Лорен Хатон зборува за своите издигнувања и падови на нејзиниот живот во рамките на модата, во пресрет на објавувањето на своите мемоари.
„Отидов наоколу и на сите фотографи им кажав дека сакам да склучам договор за убавина. Дик Аведон ми вети ексклузивен договор и следното нешто за кое знам е дека во наредните три години заработив милион долари. Работев само 20 дена во годината, никој не позираше во долна облека во тоа време. Постоеја агенции кои го работеа тоа, а нивните модели заработуваа и по 300 долари од час. Сепак, јас заработував и поголеми суми“, открива моделот.
Хатон се сеќава и на моментот кога прв пат се запознала со Диана Вриланд. Таа и рекла дека нејзината појава е мошне присутна во медиумите, списанијата и генерално во модниот свет. Лорен не знаела што значи тоа во почетокот, но откако Вриланд и рекла дека ќе мора да поразговара со Дик Аведон, сфатила дека станува збор за позитивна критика.
„Во тоа време се чинеше дека во Њујорк се наоѓаат најдобрите и најпаметните мажи. Бев заинтересирана само за оние паметните и фините“, кажа Хатон.
Богатото модно искуство кое го има манекенката, наскоро ќе биде откриено.
„Ова е само мала увертира со која што сакам да ја разгорам вашата љубопитност, наскоро ќе имате и други детали“, вели на крајот Лорен.