Ја препознавате ли оваа девојка?

20 мај 2014

Денеска, таа е една од најпосакуваните жени во светот и ги има најсекси облините што некој воопшто ги поседува.

Веруваме дека веќе ја препознавте, 45 – годишната латино поп дива Џенифер Лопез! Нејзината трансформација низ годините е и повеќе од очигледна, а токму денеска, заедно ќе минеме низ нејзините клучни промени во текот на изминатите години.

Уживајте!

1987 – Џенифер го завршила средното образование со големи сништа: „Се сеќавам дека ја гледав Рита Морено и си реков – и јас тоа сакам да го правам, сакам да играм, да пејам и да глумам“.

1987

1997 – Лопез ја доби првата поголема улога и тоа во филмот Селена. „Нашите стилови се многу различни. Јас повеќе сакам минималистички изглед, но во филмот бев сосема поинаква, се погледнав во огледало и тоа беше таа, не јас!“

1997

2000 – Прекрасната Џенифер во 2000 година го „украде“ сето внимание на Греми наградите со нејзиниот неповторлив Версаче фустан – Понекогаш сакам да изгледам секси и гламурозни како Мерилин Монро!

2000

2006 – Госпоѓата Ентони заплива во брачните води и стана голем фан на природниот изглед!

2006

2007 – Џенифер се појави на премиерата на El Cantante со неверојатно природна и нежна шминка во која нејзиниот шминкер вклучи огромни трепки и прекрасни кадрици!

2007

2008 – На 22 – ри Февруари, шармантната Џенифер ги доби близнаците Макс и Ема и изгледаше подобро од кога и да е!

2008

2009 – Зафатената мајка на две близначиња се појави на инаугурациската гала со гламурозна пунџа, драматична шминка, сјај во боја на праска и неверојатна насмевка по која стана препознатлива.

2009

2009 – Прекрасната Џенифер се појави со сосема освежена фигура со посветли прамени и шишки кои што и стоеја неверојатно – фризура која беше копирана на големо таа година!

2009

2010 – Таа се врати на музичката сцена во полн сјај со нејзиниот албум Love со уште подобар стајлинг од оној со кој навикнавме да ја гледаме. Во филмот Back Up Plan, Џенифер беше вистинска филмска дива со неверојатни фризури!

2010

2010 – Во текот на оваа година, поп дивата обожуваше да експериментира со својата фризура, па на доделувањето на Греми наградите се појави со силна шминка и волуменозна коса со кадрици.

2010

2010 – Истата година, Џенифер се појави на Оскарите со тотално нежна шминка на која стана голем фан и „растурена“ и лежерна пунџа која пак стана омилена меѓу холивудските ѕвезди за многу кратко време.

2010

2011 – Судијката во едно од најгледаните ТВ шоуа „Американски Идол“, го покажа сиот свој сексапил со нагласената шминка и волуменозната коса која се чини беше олицетворение на нејзиниот силен хороскопски знак – Лав!

2011

2011 – Од светлите прамени и волуменозните фризури, за БАФТА наградите Џенифер се одлучи за посмирен изглед со шминка во земјени нијанси и елегантна и луксузна коса со прекрасни кадрици на краевите.

2011

2012 – Во духот на нејзиниот албум и одлични песни „Dance Again“, Џенифер ја врати дивата во себе со секси шминка и уште посекси фризура со ситни кадрици.

2012

2013 – За Златните глобуси, фризерот на Џенифер Лопез се одлучи за ретро бранови од едната страна, додека пак шминката беше сосема нежна како и секогаш. Тоа се чини беше и почетокот на новата ера на ретро, холивудските бранови.

2013

2013 – Пејачката за доделувањето на Греми наградите, постави еден нов тренд со високо крената и стегната пунџа и графички молив за очи за кој мора да признаеме дека и прилегаше одлично.

2013

2014 – Иако се чини дека не е фан на црвениот кармин, пејачката изгледаше одлично кога на почетокот на годината се појави со секси smokey eyes и впечатлив кармин во комбинација со секси кожен фустан на новата сезона од Американскиот Идол.

2014

2014 – Секспилната пејачка пред само неколку дена им се врати на своите почетоци и уште еднаш докажа дека годините не и можат ништо, кога на Билборд музичките награди се појави во деколтиран црвен фустан што наликуваше на оној од Версаче од 2000, во комбинација со тренди фризура и секси црна шминка.

2014

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Сцена