Етро: Шарени комбинации на кои ниту една жена нема да им одолее

21 мај 2014

etro

Ако ја погледнете колекцијата на Вероника Етро за пролет-лето 2014, ќе добиете впечаток дека гледате излог полн со марами. Не само што дезените на материјалите потсетуваат на тоа, туку се лелеави, со што се создава вистинска леснотија при движењето и удобност при носењето.

Дизајнерката инспирацијата ја црпела од 1940-тите, па графиките, апстрактните дезени, „чудните“ форми се сржта на колекцијата.

Имајќи ги предвид материјалите, формите на креациите во никој случај не се строги. Напротив, голем дел од колекцијата е составена од широки панталони, слични на шалвари, фустани, туники, здолништа со нерамни рабови. Исто така, повеќето фустани и здолништа имаат ремен на половината, со што се истакнува овој дел од телото.

Иако можеби не можете да си дозволите парче директно од колекцијата, сметаме дека е доволно инспиративна за да создадете интересни комбинации и да бидете впечатливи ова лето.

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Колекции