Сопственикот на Зара е најбогатиот човек во светската мода
•
24 април 2013
Со богатство проценето на 57 милијарди долари, Амансио го надмина најмоќниот човек во високата мода, Бернар Арнo со 29 милијарди долари. На листата се и двојката Долче & Габана (4 милијарди долари), сопственикот на Дизел, Рензо Росо (3 милијарди долари) и Тори Бурч со богатство од 1 милијарда долари. Најбогата жена во светската мода е наследничката на козметичката компанија Лореал, Лилиен Бетенкурт, која “тежи” 30 милијарди долари.