Повеќе од дваесет години, најважниот настан што се случува во рамките на Канскиот филмски фестивал после свеченото отворање и затворање на фестивалот е добротворниот настан што организацијата за борба против сидата го организира во соработка со филмскиот фестивал и е насловена amfAR Cinema Against AIDS.
Од 1993 година, серијата настани кои беа организирани под името amfAR Cinema Against AIDS, собраа повеќе од сто милиони долари, кои се исклучиво наменети за изнаоѓање на методот и целосен третман за заштита и лекување од ХИВ инфекцијата. На официјалната веб страна на фондот е објавено дека за само една ноќ во 2013 година, собрани се речиси 25 милиони евра и ова не е највисоката граница.
Последниве години, организатор на светски позната манифестација за добротворно прибирање на средства во борба против сидата е модната уредничка Карин Ројтфелд. Како составен дел од агендата на ѕвездената вечер е добротворна аукција, како и моден перформанс, за кој што повеќе од 35 еминентни дизајнерски имиња во светски рамки креираа специјални модели на фустани. Златно-црната нијанса во чест на Елизабет Тејлор беше минатогодишната тематска боја на модното шоу, која оваа година е заменета со црвената во чест на безвременската модна и филмска икона Мерилин Монро.
Познатите личности кои присуствуваа на забавата носеа креации на познати модни имиња, а како највпечатлива повторно се издвои 54-годишната катерка Шерон Стоун која се поајви во црвена долга тоалета на Роберто Кавали која во пределот околу стомакот беше дискретно откриена и ги откриваше стегнатите стомачни мускули на оваа актерка. Во толпата ја видовме и розарио Досон која носеше сина крњација на Вионе. Австралиската пејачка Кајли Миног беше облечена во пастелно розов долг фустан во сјајна нијанса дело на Хуан Карлос Обандо. Впечатлива беше и дводелната црно-златна винтиџ креација дело на Џани Версаче која ја носеше Лара Стоун. Карла Бруни Саркози пристигна со актерот Адриен Броди и буквално блескаше во долга црна тоалета дело на Максим Симонс.
Настанот се одржа во хотелот Cap-Eden-Roc во Антибес, каде присуствуваа навистина импресивна бројка на гости меѓу кои актери, актерки, режисери, дизајнери, музичари, модели кои мораа да го следат наложениот дрес код, црна вратоврска и костум за мажите, а тоалети за жените. Погледнете како изгледа кога на едно место се собрани сите холивудски ѕвезди заедно.