Амфар галата на Кански фестивал со неверојатна ѕвездена агенда

13 мај 2014

официјалниот постер на фестивалот за оваа година официјалниот постер на фестивалот за оваа година

„Филмот против сидата“ е светски позната манифестација за добротворно прибирање средства која што од 1993 година се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал, чиј што официјален старт е утре 14-ти мај, а ќе трае до 25 мај. Изминативе две години, легендарната модна уредничка Карин Ројфелд е организатор на овој настан, па така ќе биде и оваа година.

Карла Бруни Карла Бруни

Поранешната прва дама на Франција Карла Бруни, безвременската Шерон Стоун и шармантниот Џон Траволта се тројцата уметници кои што се согласија да бидат ко-претседавачи на 21 првата Амфар гала која што ќе се одржи на 22 мај.

Булгари Булгари

Во склоп со ѕвездената Амфар гала ќе се одржи аукција, како и модно шоу, за што дел од еминентните дизајнерски имиња креираа специјални модели на фустани. Тематската боја на шоуто ќе биде црвената, затоа што организаторката, Карин Ројтфелд реши таа вечер да и ја посвети и на легендарната актерка и модна икона на сите времиња Мерилин Монро.

Карин Ројтфелд Карин Ројтфелд

„Целиот свој живот таа беше во потрага по љубов и мислам дека доколку беше жива секако ќе ја поддржеше оваа хуманитарна манифестација, затоа одлучив оваа година таа да биде главната инспирација“, откри Ројтфелд за медиумите.

Ралф Лорен Ралф Лорен

Фустани создадоа 35 познати дизајнери. Меѓу учесниците се најдоа имињата на Александар Меквин, Александар Ванг, Барбери, Келвин Клајн, Шанел, Марк Џејкобс, Кристијан Диор, Кристофер Кејн, Џорџо Армани, Живанши, Гучи, Ланвин, Прада, Ралф Лорен, Том Форд, Версаче, Улиана Сергеенко. Ова не е комплетната листа на модни куќи што ја поддржаа оваа иницијатива. Нивните креации ќе бидат промовирани на писта од страна на три познати манекенки, Карли Клос, Дарија Строкос и Аризона Мјуз. Според Ројтфелд списокот на манекенки кои што самоиницијативно се пријавиле да учествуваат на галата бил многу долг, но сепак по пат на селекција одбрани беа овие три модели.

Александар Меквин Александар Меквин

„Манифестациите со хуманитарен карактер мошне често се тажни, бидејќи кај нас го будат чувството на вина. Но, ние сепак ќе се забавуваме славејќи ги убавините на животот“, изјави модната уредничка.

Како и изминатите години списокот на гости вклучува многу познати личности, лица од светот на модата, музиката, бизнисот и филмот.

 

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Сцена