Продолжуваат шпекулациите за продажба на Кавали

27 мај 2014

Според информациите објавени во саботата во Financial Times, компанијата Инвесткорп е заинтересирана за купување на италијанската модна куќа иако гласините сеуште не се потврдени.

Лошата финансиска состојба во која се наоѓа Кавали се должи и на низата  неуспешни преговори со инвестициониот фонд Пермира, поради несогласувањата околу проценката на вредноста на модната куќа.

Инвесткорп претходно беше сопственик на Гучи, но од Кавали сеуште немаат официјално потврдено дали ќе продадат акции на оваа компанија. Во 2009 година, модниот дизајнер продаде 30% од акциите на брендот со цел да излезе од лошата финансиска состојба во која се наоѓа, но на долгорочен план тоа не донесе позитивни промени во Кавали.

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Актуел