Како со малку пари да изгледате како да сте скапо облечени?

28 мај 2014

Доколку мислите дека добриот стил се постигнува само благодарение на скапите парчиња, тогаш сте голема грешка. Потребно е да ја развиете креативноста и да бидете спремни на експериментирање со парчињата што ги поседувате, па и на тој начин да дознаете кои комбинации најдобро се вклопуваат со вашиот стил, но и телесна структура.

Широки парчиња

Доколку комфорот ви е на прво место, тогаш оваа комбинација е идеална за вас. Одберете панталони со А крој и блуза со широки ракави и чевли на висока потпетица со отворени прсти, кои дополнително ќе придонесат за визуелно да изгледате повитки.

Принтови

Доколку сакате интересна комбинација на бои и принтови, тогаш одберете ги графичките принтови кои ќе допринесат за впечатлив изглед

Кожена чанта

Оваа сезона одберете чанта со нагласена форма, еднобојна и кожена која одлично ќе се вклопи во дневните, но и вечерни стајлинзи.

Комбинација на материјали, форми и принтови

Одберете здолниште со А крој, со принт и фалти и комбинирајте го со еден од најголемите трендови сезонава - краток топ. Изгледот комплетирајте го со сандали со тенки ремени.

Чевли со шпиц

Овој модел на чевли повторно се ин и токму затоа одберете чевли со мал шлиц кои се идеално решение за елегантни и класични комбинации. Најдобро би било да одберете модел во неутрална нијанса кој ќе може да го носите на разни стајлинзи.

Комбинација на сребро и злато

Неодамна напоменавме дека тренди е да се комбинира сребрениот со златен накит, а ние би ви препорачале изборот на моделот да биде масивен и со интересна форма.

Минимализам

Не само што минималистичкото палто ќе биде одличен завршеток на вашата комбинација, туку дополнително ќе допринесе за модерен и кежуал изглед.

Детали

Убавината е во деталите! Одберете парче кое на себе ќе има ненаметлив, но впечатлив детаљ како што се маиците и кошулите кои имаат патент или панделки на задниот дел од моделот.

Тенок ремен

Доколку сеуште не сте сигурно со каков избор на аксесоар да го комплетирате изгледот, ние би ви препорачале тенок ремен, со што до израз ќе дојде вашиот струк.

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Направи сам