Што да облечете денес?

31 мај 2014

 

За овој прекрасен, саботен ден ви предлагаме тотално шик и урбана комбинација составена од едноставни парчиња, но доволно моќна и тренди да остави вистински впечаток каде и да се појавите! За денеска, одберете долго здолниште во црно – бели пруги во комбинација со тексас кошула која што интересно ќе ја врзете во предниот дел. Денеска, најважни се модните додатоци со кои дефинитивно ќе блеснете во полн сјај! Црвената чанта е задолжителна за денеска, а секако неизбежен е и црвениот кармин. Што се однесува до чевлите, овие кафени сандали на платформа се вистинскиот избор што одлично ќе се вклопи во целата комбинација. Часовникот во слична боја и црните очила се сосема доволни за да го надополните денешниот изглед!

Уживајте во прекрасната сабота!

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Тренд