Што да облечете денес?

28 април 2014

Со оглед на тоа што и денеска не дочека врнежливо време, сѐ уште не можеме да се откажеме од чизмите кои што едвај чекаме да ги заборавиме. За денеска, одберете кафени гумени чизми кои што ќе ги комбинирате со тесни фармерки и супер лесно џемперче во сина боја. Марамите како да се неизбежен дел од „дождовните“ комбинации, па и денеска одберете цветна која што ќе ја разигра целата ваша комбинација. Мантилчето во беж боја со карнери и ремен на половината, совршено ќе се вклопи во вашиот денешен избор. Чантата во темно жолта боја и ова интересно прстенче се доволни за ултра модерен завршеток на денешната комбинација. За свеж дух, одберете чадор во црвена боја кој што денеска е задолжителен додаток.

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Тренд