Што да облечете денес?

14 мај 2014

Драги наши дами, со оглед на времето што утрово не дочека надвор, за денеска ви предлагаме тренди дождлива комбинација! Истата се состои од шик кожени црни панталони, кул маичка со апликација був и одозгора шармантно жолто капутче. Бидејќи метеоролозите ни најавија дека во текот на целиот ден ќе „уживаме“ во дождот, одберете гумени чизми во жолта боја со која ќе му пркосите на времето. Што се однесува до аксесоарите, одберете зелена марама и обетки и прстенче во жолта боја кои што одлично ќе се вклопат со главните елементи на денешната комбинација. Чантата нека биде по ваш избор, ние сме сигурни дека нема да погрешите!

Имајте среќна дождлива среда!

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Тренд