Што да облечете денес?

31 март 2014

Овој понеделник започнете го со супер елегантна шик комбинација во две бои. Со оглед на тоа што утрово нѐ дочека облачно време, разведрете го со тоа што ќе облечете нежна и шармантна розова кошула со која ќе им пркосите на облаците. Панталоните нека бидат црни и сосема тесни за истите да изгледаат тренди во комбинација со црните лакирани чизми до над глуждот. Бидејќи сѐ уште не е доволно топло, одозгора облечете шик црно капутче што се шири од половината надолу и истакнете ја истата со ремен. Што се однесува до додатоците, плик чантата во розова и црна боја одично и прилега на целата комбинација. За да го освежите изгледот, одберете златно тренди ланче со плочка на средината.

Посакајте му добредојде на понеделникот!

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Тренд