Што да облечете денес?

25 март 2015

Утрово повторно нѐ дочека облачно време, но тоа не значи дека не треба повторно да одберете колоритна комбинација која ќе внесе ведрина во денот. Бидејќи овие денови сме вљубени во здолништата, и денеска носиме едно во крем боја и го комбинираме со шармантна блузичка на пруги. Дождот го очекуваме во секој момент, па така денеска задолжителни се високите кожени чизми што ќе ве заштитат од дождот. Одозгора, одберете црвено топло елече што нема да му дозволи на ветрот да ви го расипе расположението. Накитот денеска е составен од бисерни обетки и шик ланче во златна боја што одлично се согласува со сите останати парчиња од комбинацијата.

Објавено:
25 март 2015
Категорија: 
Тренд