Што да облечете денес?

17 февруари 2015

Не дозволувајте ова мрачно утро да ви го расипе расположението кое само што се подобри! Иако денеска немаме сонце, тоа не значи дека не треба комбинацијата да биде свежа и во прекрасни бои! Со оглед на најавениот дожд денеска, клучно парче во целата комбинација се црните гумени чизми што ќе ве заштитат од дождот. Одберете и едноставни фармерки во комбинација со лесна памучна маичка на пруги, а сега е вистинско време и за вашето омилено мантилче во крем боја. Денешниот изглед развеселете го со жолта марама и чанта со животински принт што одлично ќе се вклопи во целата комбинација. Марамата украсете ја со некој интересен брош по ваш избор, а од модни додатоци, денеска единствено ви се потребни вашите омилени прстенчиња!

Објавено:
17 февруари 2015
Категорија: 
Тренд