Вториот ден од работната недела го дочекавме со дожд во кој ќе уживаме во текот на целата есен, па време е добро да се подготвиме за овие денови.

Денеска извадете ги чизмите за дожд и направете стилска комбинација со нив. Ние ви предлагаме лежерно фустанче додека температурите сѐ уште се соодветни за истото.

Го комбинираме со крем мантилче одозгора кое е како создадено за ова време и совршено соодветствува со зелените чизми со кои допрва ќе правиме комбинации.

Уживајте во дождот!

Објавено:
24 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.651 пати