Што да облечете денес?
•
29 април 2015
Бидејќи утрово се разбудивме со дожд во главниот град, време е малку да се вратиме на топлите парчиња облека. Носиме ретро фармерки со висок струк и ги комбинираме со црна подолга ролка. Целата комбинација крунисајте ја со кул шапка во темно црвена боја и впечатливо прстенче во златна нијанса. Со оглед на дождот, одберете црни чизмички до глужд и секако, задолжително со себе понесете си чадор!