Што да облечете денес?

27 јануари 2015

Денеска му пркосиме на сивото време со романтична комбинација составена од неколку клучни лежерни парчиња.

Одберете тесни фармерки во црна боја и комбинирајте ги со нежна кошулка во светла крем боја.

Со оглед на дождливото време што го најавија метеоролозите, носиме гумени чизмички со интересен животински принт што ќе ве спасат од секоја капка дожд.

Одозгора, стоплете се со шик кафена пелерина што ќе и даде посебен печат на целата денешна комбинација.

Носиме и темно црвена чанта и накит во златна боја, а за секој случај денеска не ги заборавајте ниту очилата за сонце, бидејќи нели, надежта последна умира!

Објавено:
27 јануари 2015
Категорија: 
Тренд