Што да облечете денес?

5 март 2015

Со оглед на тоа што пругите секогаш се добар избор, денеска развеселете го дождливото време со една таква блузичка. Комбинирајте ја со едноставни фармерки и високи чизми до колената со интересни врвки. Одозгора, носиме тренди јакничка во прекрасна маслинеста боја, а за денот да биде уште поколоритен, одберете сиво шик ранче. Без разлика на тоа што и да одберете денеска, задолжително со себе понесете чадор кој ќе ви биде потребен во текот на целиот ден.

Уживајте во претпоследниот ден од работната недела!

Објавено:
5 март 2015
Категорија: 
Тренд