Што да облечете денес?

12 март 2015

Претпоследниот ден од работната недела нека биде поудобен од кога и да е! Денеска носиме едноставни тесни фармерки и ги комбинираме со топло сиво џемперче со слатко мече во предниот дел. Тренди комбинацијата збогатете ја со кул сива јакничка со кожени делови која е вистински хит оваа преодна сезона. Бидејќи и денеска е голема веројатноста дека ќе имаме дождливо време, повторно носиме рок чизмички до над глуждовите што ќе не заштитат од дождот. За уште потопол ден, задолжително со себе понесете ја и црната марама, а комбинацијата надополнете ја и со црна „училишна“ чанта!

Имајте прекрасен четврток!

Објавено:
12 март 2015
Категорија: 
Тренд