Понеделник во сива комбинација
•
11 февруари 2019
Првиот ден од работната недела да го започнеме со позитивна енергија во исчекување на сонцето што се чини ќе огрее во секој момент.
Денеска носиме целосно сива комбинација како една од нашите омилени бои, а дефинитивно и наголем број девојки.
Комбинираме тесни сиви фармерки заедно со нежно и меко бело џемперче, а се топлиме со оваа стилска јакничка од превртена кожа во слична боја како останатите парчиња.
Комбинацијата надополнете ја со сива волуменозна чанта, црни чизмички и сиво капче, а секако со вас понесете си ги и омилените очила за сонце.
Имајте среќен почеток на работната недела!