Лондонските трендсетерки во шик изданија на Royal Academy летната изложба

5 јуни 2014

Традиционално, вчеравечер во Лондон се одржа летната изложба на Кралската академија каде секоја година нови, млади и талентирани уметници му ги прикажуваат своите дела на светот.

Како што и се очекуваше, на чело на трендсетерките и овојпат се појави британската манекенка Алекса Чанг која за овој повод се одлучи за здолниште во кафено - златна боја со висок струк во комбинација со куса тантелна маичка. Како и повеќето, така и Алекса се одлучи за чизми наместо високи потпетици и класична Шанел чантичка со логото на брендот извезено со бисери.

Нејзината пријателка и модел Дејзи Лав за изложбата се одлучи за комбинација на дизајнерката Џени Пакам составена од тренди широки панталони со висок струк и прекрасната лежерна и секси кошула со високи потпетици и сина чанта.

Можеби Кејт Мос оваа година не се појави на настанот, но дефинитивно таму можеше да се види дел од нејзината одлична колекција за Топшоп, овојпат на британската актерка Џејми Вајнстоун, која што се одлучи за шик кусо фустанче во бела боја и црвена чанта од Луј Витон и можеби едни од најчудните, но супер модерни сандали со полна пета што сме ги виделе.

Британскиот модел Амбер Ле Бон се чини ја носеше најелегантната тоалета на вчерашната изложба и тоа од одличната колекција на големиот Роберто Кавали во која изгледаше прекрасно како и секогаш.

Летната изложба на Кралската академија е традиционален настан кој што се одржува секоја година во Burlington Housе на Пикадили во централен Лондон во текот на летните месеци, односно во Јуни, Јули и Август.

Во изложбата, секоја година се изложуваат уметнички слики, цртежи, скулптури, архитектонски дизајни и дизајнерски парчиња, и е најпознатата и најмасовна изложба во Велика Британија.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Сцена