Посетата на амазонските дождовни шуми ја инспирираше одличната Вивиен Вествуд да ја создаде неверојатната и нослива Gold Label ресорт колекција за 2015 година и да направи уште поубава презентација на истата.
Токму таа посета беше неверојатно значајна за создавањето на одличните парчиња од ресорт колекцијата во магични бои.
Оваа колекција е вистински рај за сите обожавателки на фустаните, бидејќи во истата ќе ги најдете можеби најубавите за сезонава.
Боите што дизајнерката ги одбра овојпат, варираат од прекрасна и јака црвена, па сѐ до нежна сива и прекрасно светкава црна.
Во однос на моделите, буквално сите фустани што дизајнерката ги создаде овојпат се неверојатно носливи. Кај некои од нив може да се забележи високиот преден дел, по што формата на фустанот на неверојатен начин ја следи женската силуета. Во колекцијата има и одлични долги тоалети за кои веруваме дека многу често ќе ги гледаме на црвениот килим следната сезона.
Дизајнерката во нејзината ресорт колекција предлага и едноставни и еднобојни клач чантички, но и чевли со вртоглаво високи потпетици во интересни бои.
Во продолжение во галеријата погледнете ги сите нови парчиња директно од модната куќа на уникатната Вивиен Вествуд.