Моќните жени во модната индустрија-визионери во машки костум

17 јуни 2014

Двете страни кои ја заокружуваат модната целина се: креативниот сенс и рационалниот бизнис. Доколку модата остане само на креативност и уменост, тогаш се затвора во еден мал унивезум за восхит.... и толку. Затоа, прагматичноста во тој универзум е круцијалниот момент кој на таа уменичка сцена и обезбедува аудиториум кај кој  се создава потребата, па дури и пасијата, уменоста  да стане нослива, опиплива, достапна, благодарение пред се на разумната маркетинг стратегија.

Ако дизајнерот е креативниот ум, тогаш експертите за продажба се развојната моторика на брендот. И ако во основа голем број од глобално обожуваните дизајнери се мажи, тогаш во машкиот костум кој ја продава нивната уметност и и’ ја приближува на публиката, се облечени моќни жени-визионери.

Токму најголем дел од основачите на онлајн продавниците кои имаат милиони корисници и остваруваат милионски годишен  профит, се жени кои практично ја спроведуваат идејата за повеќестран бенефит од уметноста во модната индустрија преку дигитализираната форма на купопродажба.

Moda Operandi Moda Operandi

Една од најпопуларните интернет платформи за онлајн купување е Moda Operandi која во 2010 година ја основаа Лорен Санто Доминго  и Аслауг Магнусдотир, и двете со богати портфолија во модната индустрија во делот за маркетинг и комерција. Под мотото: Носете ја утрешната мода денес, тие создадоа успешна бизнис платформа за преднарачка на луксузни парчиња облека, односно нивна резервација уште пред официјално да бидат пуштени во продажба. Компанијата „тежи“ 72 милиони долари со просечна потрошувачка од 1600 до 5000 долари од клиент.

Net-a-Porter Net-a-Porter

Кога Натали Масне во 2000 година ја лансираше онлајн шопинг оазата Net-a-Porter, направи револуционерен потег во редефинирањето на начинот на купување. Денеска, нејзината компанија има над 2500 вработени, 5 милиони посетители месечно и вредност од 3,4 милијарди долари. Покрај тоа, неодамна беше промовирано и печатеното издание насловено Porter.

 

Rent the Runway Rent the Runway

Друга оригинална идеја е спроведена преку проектот Rent the Runway на  Џени Флајс и Џен Хајман.  Кај нив дизајнерските парчиња од брендови како Вера Ванг и Маркеза, не се купуваат, туку се изнајмуваат, што практично им ги олеснува дилемите на голем број потрошувачи ширум светот. Оваа интернет продавница за изнајмување беше стартувана во 2009 година, а се проценува на 250 милиони долари и има околу 250 вработени.

 

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Стории