Синди Крафорд ќе се потпише на книга

19 јуни 2014

Синди Крафорд припаѓа на величествената група модели кои ги одбележаа 90-тите години на минатиот век. Можеби не е толку актуелна во моментов како што е нејзината колешка Кристи Тарлингтон и вешто ги крие фактите од нејзиниот приватен живот за разлика од Наоми Кемпбел, но сепак има одлична причина за славење. Моделот најави дека наредната есен ќе се објави нејзината книга.

Во книгата се раскажува за кариерата на Крафорд и сите лекции и искуства кои ги научила и искусила додека била активна во модниот бизнис. Според повеќето супер модели, книгата нема да биде само уште една сликовница која ќе стои како нем украс на масичката за кафе во нечиј дом, и покрај фактот што во неа ќе се најдат голем број фотографии. Книгата ќе ја отпечати издавачката куќа Рицоли, а насловот се уште не е познат.

„Ова нема биде биографија. Оваа книга е спој на се она што сум јас професионално како еден вид хибрид. Изданието ќе биде објавено наредната есен, на само неколку дена пред мојот роденден, па можам да кажам дека ова е одличен начин со кој што ќе го прославам мојот 50-ти роденден, наместо да се депримирам затоа што стареам“, низ смеа вели Крафорд во кратката објава за медумите.

Во моментов топ моделот напорно работи на развојот на својата нова козметичка линија за нега на кожата насловена „Meaningful Beauty“.

„Како што старееме, можеме да ги почувствуваме и промените во поглед на убавината. За мене убавината и самодовербата секогаш одат во пакет. Кога зрачите со самодоверба, тоа и другите можат да го забележат на вашето лице. Затоа секогаш им велам на луѓето да бидат самоуверени и да знаат што сакаат бидејќи само така ќе постигнат позитивни резултати“, додава моделот.

Изминатиов период Синди Крафорд беше мошне актуелна со фотографијата од нејзините деца, Каја (13), и Присли (15) која што моделот ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм. Медиумите не останаа рамнодушни и ја објавија фотографијата ширум светот. Генералниот впечаток беше дека двете деца на Крафорд неверојатно личат на неа и во целост ја наследиле нејзината убавина. Нејзиниот син Присли ја има и бемката над устата, по која и самата Крафорд стана позната во светот на модата.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Сцена