Синди Крафорд: Ништо не ми стои!
•
1 јуни 2013
Многу жени ѝ завидуваат на совршената линија, но 47-годишната Синди Крафорд открива дека како и секоја жена, честопати е незадоволна од својот изглед.
-Јас сум како и сите останати жени. Некогаш се чувствувам мошне добро во своето тело, но некогаш едноставно ништо не ми стои- вели Крафорд.
Иако одлучи до 50-от роденден да изгуби уште два килограма, Синди признава дека ѝ е многу тешко да се откаже од слатките задоволства.
-Сакам во потполност да бидам задоволна од тоа како изгледам, но првин сакам да проверам колку ќе ме чини тоа, бидејќи не сакам да се откажам од калоричните јадења, како на пример зачинетите салати и вино – призна моделот.