Викторија Бекам со мини филмска приказна за новата есенска колекција

Во февруари, Викторија Бекам реши да не ја промовира нејзината линија насловена Викторија, од Викторија Бекам (Victoria by Victoria Beckham). Колекцијата за сезоната есен-зима 2014 на јавноста и е претставена од денес во малку поинвентивна форма на мини филмска верзија.

Кога во февруари поранешната „зачинета Девојка“ од „технички причини“ ја откажа својата ревија, нејзините фанови беа навистина разочарани. За да им се заблагодари и да им надомести на нејзините обожаватели Бекам реши да ги почести со краток моден филм, режиран од страна на Том Хидо.

Хидо, на пошироката јавност и е познат по тоа што работи и како режисер но и како фотограф. Во новото видео, тој одлучи да ја вметне играта на контрасти помеѓу светлината и сенката за да се постигне една малку поневообичаена модна перцепција. Моделите фустани кои се целосно во духот на минимализмот, класичниот крој на панталони и здолништа се можеби највпечатливите парчиња во целата колекција и сигурно ќе бидат „мета“ на голем број трендсетерки кои ќе сакаат по секоја цена да ги имаат во своите гардеробери.

Објавено:
19 јуни 2014