Групацијата LVMH најави изненадувања за октомври

23 јуни 2014

LVMH одамна е пријател со уметноста на уредување изложби особено во рамките на галеријата Шанзелизе, но и пошироко. Неодамна стана познат точниот датум на отворање на вистинскиот музеј на современа уметност финансиран од претседателот и главен извршен директор на Фондација та Луј Витон, господинот Бернар Арно.

Изложбата ќе вклучува дела од постојаната колекција на LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy). Според организаторите, целта за воспоставување на нов музеј е ширењето на современата уметност во Франција и во целиот свет, па кураторите кои ќе бидат вработени во музејот ќе се фокусираат на делата од XX и XXI век.

Зградата за новиот музеј е комплетно дизајнирана од страна на канадскиот архитект Френк Гери. Тој го дизајнираше гигантскиот „облак'  кој на прв поглед се чини дека лебди низ крошните од дрвјата . Целиот објект зафаќа површина од неверојатни 126.000 квадратни метри, а во него се сместени 11 галерии, конференциска сала која собира 350 луѓе и тераса со поглед кон градот на светлината, Париз.  Објектот ќе се отвори на 27 октомври оваа година.

Но претходно на 15-ти истиот месец се отвора и третиот хотел Шевал Бланк од познатиот бренд, најави, раководството на групацијата LVMH.

Спа хотелот стана целосно ажурирана верзија на култниот хотел Сент Барт. Новата туристичка атракција вклучува  40 апартмани, бунгалови, луксузни ресторани и модерно спа катче со широк спектар на ексклузивни третмани.

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Актуел