Музејот на групацијата LVMH е новата знаменитост на Париз

21 октомври 2014

Во Париз официјално може да се вброи  уште една атракција. Своите врати во текот на ноќта пред првите гости ги отвори најинтригантниот  проект во последните пет години – Фондација и музеј на групацијата  LVMH.

Архитектот на проектот објаснува дека градбата одлично се вклопува во останатиот дел од инфраструктурата на градот, како и тоа дека одлично парира во пејсажот, вели Френк Тери и додава дека неговиот работодавец или основачот на групацијата, Бернар Арно е идеален килент.

За финализирање на проектот беа потребни пет години по што вчеравечер дојде до кулминација на истиот, односно  отворањето каде  присутни беа значајни имиња. Новиот музеј ги отвори вратите за своите први гости меѓу кои: Ана Винтур, Наталија Водјанова, Софија Копола, Мишел Вилијамс, па дури и Карл Лагерфелд за кој знаеме дека не е обожавател на големите официјални настани.

Софија Копола Софија Копола

- Ќе се постават повеќе збирки што  припаѓаат на нашата фондација, колекции, а ќе се организираат и изложби на современи уметници, изјавува  Бернар Арно.

По неколку годишно чекање, Арно го дочека крајното дело и тоа како подарок за неговиот 65-ти роденден. Инаку, за јавноста новиот музеј и концертна сала ќе се отвори на 27-ми октомври., а посетителите ќе може да видат единаесет соби каде  за почеток ќе бидат поставени  најдобрите дела на современи уметници.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Актуел