Беспрекорна естетика од цветниот рај на Диор
•
11 јули 2014
Креативниот директор на модната куќа Диор, Раф Симонс уште еднаш се надмина самиот себе преку создавањето на елегантна сценографија за неодамна одржаната ревија од висока мода во Париз. Оние што ја сладат неговата кариера и креативност очекуваа беспрекорност од сценографијата, односно целосна перфектна естетска слика на луксузното шоу.
Очигледно е дека сопственикот на Диор и шеф на групацијата LVMH, Бернар Арно не се штеди на презентациите, а од сезона во сезона шоуата на брендот се повеќе грандиозни и привлечни.
Во павилјонот на музејот Родин, Раф Симонс осмисли префинета сценографија од бели орхидеи. Во просторот беа поставени црни столици како силен контраст од нежната сцена.