Во Виена отворен нов ексклузивен бутик на Диор

7 јуни 2014

Во срцето на балската Виена, на престижната улица Kohlmarkt, пред неколку дена беше отворен нов ексклузивен бутик на модната куќа Диор.

Продавницата се простира на два ката и опфаќа простор од 370 квадратни метри. Луксузното здание е уредено за да потсетува на првиот продажен простор што оваа модна куќа го отвори на париската Монтењ Авенија. Меѓу првите „соседи“ на Диор се Шанел, Ермес и Гучи.

Баруника Клео Аделшејм Баруника Клео Аделшејм

Шармантните цветни излози се најубавиот украс на продавницата и навистина го мамат сечиј поглед, а се ексклузивно дизајнирани и стилизирани од креативниот директор Раф Симонс. По скандалозниот отказ на Џон Галијано се чини дека креативниот тим на брендот чекори напред со полна пареа и благодарение токму на брилијатниот Симонс, освојува се поголеми пазари и се подобро котира на листите за најдобри брендови во модната индустрија.

Никол Ботлер Никол Ботлер

Спектакуларното отворање на новата продавница го посетија голем број љубопитни посетители кои припаѓаат на високите општествени кругови во Виена, но и голем број познати личности.

Гери Кеслер, Десире Трејкл и Принцот Хуберт Гери Кеслер, Десире Трејкл и Принцот Хуберт

Селин Рошчек, Серж Брушвинг и Марија Новак Селин Рошчек, Серж Брушвинг и Марија Новак

Ема Кајзер Ема Кајзер

 

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Актуел