Модно компатибилни и вљубени – Џенифер Анистон и Џастин Троу

25 јуни 2014

Џенифер Анистон и Џастин Троу се новите мега ѕвезди на црвениот килим. Покрај тоа што актерката никогаш не изгледала поубаво, парот во јавноста се појави во модни парчиња кои дополнително придонесоа да бидат модно компатибилни. Анистон на црвениот килим се појави во креација од LBD, црн мини фустан со ремен околу струкот, џебови и длабок отвор меѓу градите.

Ваквата креација придонесе до израз да дојде прекрасната телесната структура на актерката, а изгледот го надополни со сандали од Сен Лоран. Нејзиниот вереник Џастон Троу, за овој повод се појави во елегантно издание, па парот дефинитивно остави впечаток дека покрај тоа што се вљубени, се и модно компатибилни.  Како за крај, покрај тоа што парот изгледаше стилиризирано, дополнително за убав впечаток придонесоа нивните насмевки, кои направија Џенифер и Џастин да изгледаат едноставно совршено.

Објавено:
25 јуни 2014
Категорија: 
Сцена