Утре Скопје ќе гори со Били Ајдол

26 јуни 2014

Сите оние кои пред четири години присуствуваа на концертот на легендарната рок икона Били Ајдол во Скопје, се уште се под импресии од неверојатната атмосфера која им ја приреди музичкиот ветеран.

На огромно задоволство на сите уживатели на квалитетната рок музика, сеќавањата повторно ќе оживеат, благодарение на утрешниот целовечерен концерт на големиот Били Ајдол, во рамките на музичкиот настан Скопје гори кој ќе се одржи на Скопско кале во организација на Аволон продукција.

„Да, доаѓа Billy ... Скопје навистина ќе гори !!! Големо задоволство ни е да Ве информираме, дека вашите желби се исполнети. На 27 ми Јуни 2014 година на Скопско Кале open air ... со целовечерен концерт ... во Скопје доаѓа човекот кој пред 4 години го одржа најдобриот rock& roll концерт во Македонија на сите времиња. Големиот мајстор, човекот ѕвер, човекот кој има повеќе хитови и големи песни отколку што некои други имаат било какви песни воопшто ... Billy fucking Idol!Човекот кој во живо секогаш се дава 200 % од себе, доаѓа во Скопје во склоп на својата европска Greatest Hits турнеја, а се разбира дека во бендот ќе биде придружуван од генијалниот гитарист Steve Stevens“, велат од Аволон.

Музичкиот фестивал ќе го отвори алтернативниот македонски, а сепак светски, прогресивен состав, The Protagonist со кој Fashionel имаше ексклузивна можност одблиску да ги запознае своите читатели во интервјуто со тројцата протагонисти во бендот.

The Protagonist The Protagonist

„The Protagonist“  веќе четири години функционираат како музички состав кој со фасцинантната уметност која ја создава, во високи вертикали ги поместува стандардите за квалитетот на македонската музичка сцена. Нивната музика како и составот на бендот е со космополитски дух, без ограничувања во правецот кој го третираат, со примеси на различни музички декади, но заокружена во една сосема поинкава, автентична и толку посебна целина.

Темпера Темпера

Специјални гости на вечерта ќе бидат новиот прогресивен рок бенд Темпера, кој во својот состав вклучува исклучително значајни македонски музички ветерани: Драган Гиновски-Гино на гитара, Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас гитара и Тања Тас како вокал. Воедно, Темпера пред пошироката јавност ќе го промовира и својот албум-првенец „Играј“.

Доколку пред четири години го пропуштивте адреналинското рок доживување, утре имате можност да го надополните пропустот!

 

 

 

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Култура