Што повеќе расте еуфоријата за Светското првенство во фудбал, бидејќи се ближат завршните натпревари, така се повеќе ви се разгорува желбата за да заминете некаде на одмор. Признајте дека и самиот Бразил е виновен поради градацијата од бои низ улиците, пространствата со зеленило, песочните плажи, врелиот танц, убавите жени и жешките температури.
Во светот постојат места кои што навистина пленат со својата волшебна убавина, веселите пејсажи и магијата на зајдисонцата. Белиот песок кој неосетно крцка под стапалата, музичката рапсодија од бранови , прекрасното сино небо кое во далечината се спојува со морето и создава хармонична летна воздишка, колоритните и секогаш свежи коктели, чадорите од слама, школките кои ги понесуваме за спомен од нашето патување, љубовните ѕвездени ноќи и вечерните забави.
Ова се само дел од можеби најубавите моменти кои може да ги доживеете додека сте на одмор. Да не ги споменувам крстарењата и екстремните водени спортови доколку сте љубители на вакви доживувања. Летото е навистина инспиративен период не само во поглед на модните композиции, длабоко во себе тоа е сведок на многу среќни авантури кои остануваат врежани во нашите мемории.
И ова лето секој ќе замине некаде на одмор. Секако дека повеќето граѓани нема да можат да си дозволат да ги посетат луксузните плажи и гламурозните комплекси на хотели ширум светот, но понекогаш пак не е важно каде ќе бидеш, туку со кого. Сепак денес одлучивме малку да ве разнежниме и да ви претставиме дел од најубавите плажи ширум светот. Волшепство создадено од природата и естетски дизајн од човекот. Уживајте во фотографиите и откријте ни која е вашата омилена дестинација.