Модна недела за мажи Версаче пролет 2014

24 јуни 2013

За пролет 2014 Донатела реши да претстави колекција која е мотивирана од решеноста на дизајнерката да се откаже од цигарите. Модните прачиња се со спортски предзнак, инспирирани од атлетиката која бара голема дисциплина и посветеност, а сепак задржува доза елеганција.

Дизајнерката за оваа колекција реши да направи премин од минатото кон иднината, па токму поради тоа ревијата ја започна со седум модели (кои ги претставувале модните икони на Версаче) па премин кон иднината со претставување на последната колекција, односно пролет 2014.

Во колекцијата преоовладуваа оделата, шорцевите, кошулите, присутен беше сафари стилот кој е актуелен оваа сезона, очила за сонце, чанти,рамни сандали, еспадрили и елегантни чевли.

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Колекции