Луксузен ручек и забава на Гучи по повод натпреварот во коњички трки во Париз

7 јули 2014

Прекрасната внука на славната Грејс Кели, Шарлот Казираги ги мамеше погледите на традиционалниот натпревар во коњички скокови „Paris Eifel Tower“, спонзориран од модната куќа Гучи.

Нејзиното момче, францускиот актер и комичар Гад Елмале, видно возбуден изјави дека тој е всушност и нејзиниот прв и најголем обожавател.

Тридневниот настан организиран од Виржини Купери - Ајфел и производителот на луксузни часовници Longines, заврши во неделата со „Златниот Куп“ на Гучи што сосема случајно се поклопи со неделата на висока мода во Париз.

Прекрасната Казираги зема учество на натпреварот во коњички скокови заедно со ќерката на Брус Спрингстин, Џесика која на трката настапи со нејзиниот коњ Виндикат.

„Мојот коњ се вика Виндикат. Го имам многу долго време, тој е едноставно прекрасен. Ова е едно од најдобрите натпреварувања на кои сум учествувала“, изјави прекрасната Џесика по натпреварот.

Таа се појави со нејзините родители Брус Спрингстин и неговата сопруга Пети, кои пак уживаа во друштвото на гламурозното француско филмско семејство на актерката Марион Котилард.

Шармантната Марион следниот месец ќе се појави во главната улога на адаптацијата на „Макбет“ заедно со прекрасниот Мајкл Фасбендер.

Победник на годинешната трка спонзорирана од Гучи, беше германскиот олимпијски шампион Маркус Енинг кој дома си замина со главната награда - „Златниот куп“ на Гучи.

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Актуел