Модна класика за сите прилики – сина кошула

8 јули 2014

Кога станува збор за вечна класика во однос на модните парчиња, сината кошула е само уште еден „синџир“ од целокупната алка која е неопходна во секој женски гардеробер, покрај кожената јакна и белата кошула. Кога станува збор за модерен летен изглед, сината кошула дозволува експериментирање во однос на аутфитот во однос на тоа дали сакате да изгледате опуштено, елегантно или апсолутно тренди.

Доколку се работи за дневен стајлинг, ние ве советуваме да ја комбинирате сината кошула со некое тексас парче и впечатливи чевли, а за вечерен изглед, додадете доза сериозност со комплетирање на изгледот со пенкало здолниште или панталони со висок струк и масивен накит. Доколку во својот плакар сеуште не го поседувате ова парче облека, разгледајте ги комбинациите кои може доволно ќе ве инспирираат за да заминете во шопинг.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Направи сам