Дваесет модели на мантили за совршена есенска идила

26 септември 2014

Класичниот мантил е едно од ретките парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, исто како и кожената јакна и белата кошула кои се загарантирана, безвременска класика.

Поради лесното комбинирање како со елегантни парчиња, така и со разресени фармерки или пак макси здолништа, како и заштитата која ја нуди во текот на дождливата сезона, мантилот е еден од најомилените парчиња облека на дамите, независно од нивниот животен стил и личен имиџ.

Понудата на мантили е разновидна како во однос на формата и должината, така и во однос на украсите кои дополнително се користат за ефективен изглед, како што се нитните или пак перлите.

Во продолжение погледнете ги дваесетте модели на мантили и изберете го вашиот омилен за оваа сезона.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Тренд