За секоја дама која летните денови сака да ужива во својот комфор, но истовремено да изгледа уникатно и привлечно, модната куќа Елена Лука ја создаде специјалната летна колекција „Summer Colours“ која зрачи со неверојатен колорит на контрастни и пастелни нијанси, инвентивна игра на кројот и уникатни дезени наменета за комфорни и долги летни денови.

За денес се одлучивме да ви презентираме макси фустан од најновата колекција „Summer Colours“  кој е изработен од високо квалитетен памучен материјал. Моделот е во црна боја, дискретно збогатен со цветни апликации во црвени и бели тонови. Деколтето е впечатливо и нагласено со фалти кои завршуваат со нежни прерамки и дискретно го откриваат делот околу вратот. Долниот дел лежерно преминува во лелеаво здолниште кое се бранува по должината на нозете. Женската силуета е нагласена со  тенко ременче на половината кое слободно паѓа по должината на фустанот.

Бидете вистинска летна кралица на стилот и носете модели со потписот на Елена Лука.

Објавено:
9 јули 2014
Категорија: 
Без категорија