Модната рапсодија на летни ноти и принтови во тренди дизајни и урбан изглед е целосно преточенa во новата колекција Summer Colours која деновиве ја лансираше модната куќа Елена Лука. Затоа денес повторно избравме летна комбинација која сигурно ќе ви се допадне и ќе посакате да стане дел од вашиот плакар.

Станува збор за макси фустан изработен од лесен памучен материјал кој ќе ви овозможи пријатно чувство и удобно движење. Фустанот е во А-крој на прерамки кои на вратот завршуваат со долги ленти како марама, а имаат улога да се лелеават по должината на вашиот грб. Портокаловата боја го нагласува вашето деколте, а со тоа се акцентира сексапилот.

Дизајнот на моделот е мошне впечатлив и наликува на сликарско платно кое е дискретно попрскано со разновидни форми на кругови во портокалови и темно црвени нијанси. Направете си пин-ап фризура или замотајте турбан на главата, одберете ја вашата омилена чанта и сандали на платформа и бидете подготвени да им спротивставите на сончевите зраци.

Објавено:
25 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија