После прекрасниот и сончев викенд, време е за уште еден старт на новата работна недела. Одморени, свежи и подготвени за нови модни предизвици. За денешниот предлог стајлинг, модната куќа Елена Лука повторно го има вистинското решение за вас. Станува збор за романтичен  модел на макси фустан кој е дел од новата специјална колекција што брендот ја лансираше неодамна, насловена „Summer Colours“.

Почнете ја неделата со комфор кој ви го овозможува како кројот така и пријатниот памучен материјал. Горниот дел од фустанот дискретно го нагласува вашето деколте, а во долниот предел  буквално изгледа како крила од пеперутка. Цветниот принт во светло виолетови, розови и жолти цветови го нагласува вашиот слободен дух кој сигурно чекори низ градските улици, освојувајќи ги сите погледи.

Започнете ја неделата со модел од Елена Лука кој е урбан, тренди, модерен и удобен, а бидете и први што  ќе понудите едно поинакво модно секојдневие.

 

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија