Индијански мотиви во ресорт колекцијата на Балман
•
10 јули 2014
Низ целата колекција се чувствува влијанието од седумдесеттите години, а Оливие Рустем направи микс помеѓу луксузните парчиња и асиметричниот крој, односно бели сакоа и туники кои самата Бјанка Џегер би ги носела. Голем дел од парчињата поради агресивните нијанси и острата графика оставаат впечаток на делумно војничкиот стил.
Сепак, тоа што двои од целата ресорт колекција се токму пончата кои одлично се комбинирани со здолништа, парче кое визуелно остава впечаток на одлично сработенa графичка креација со несекојдневен крој. Во продолжение погледнете ја ресорт колекцијата на модната куќа за 2015 година.