За WOW на неделата ја избравме Ријана која за време на Европската турнеја реши неколку дена да помине во Париз. Сите оние кои го познаваат стилот на Ријана знаат дека таа обожава да го истакнува својот сексапил , па така беше и овој пат. За време на вечерата во ресторанот L’Avenue носеше краток црн сатенски топ од Александар Ванг и здолниште од Шанел од пролетната колекција на Прада за 2013. Целата комбинација ја имаше комплетирано со бели сандали од Маноло Бланик и црвен кармин.
За LOL на неделата ја избравме Амбер Роуз која на доделувањето на наградите BET се појави во креација на Версаче од ресорт колекцијата за 2013, во жолто црни нијанси со графичка текстура и црни сандали. Иако е позитивно што за промена Амбер реши да ги покрие своите облини, сепак оваа комбинација воопшто не одговара на нејзината телесна структура и токму поради тоа е избрана за најлошо облечена за оваа недела.