За WOW на неделата ја избравме Камерон Дијаз која годинава се врати на сцената со два нови филмски проекти „The Other Woman“ и  „Sex Tape“,  а по низа гостувања во радио емисии, актерката се појави на премиерата на „Sex Tape“ во Лос Анџелес, во комбинезон од Стела Мекартни. Камерон изгледаше заводливо во свилениот комбинезон со златни точки и со панделка на струкот, кој дополнително ја оцрта нејзината феноменална телесна конституција. Комбинацијата ја имаше комплетирано со црни сандали со златни детали и впечатлив портокалов кармин.

За LOL на неделата ја избравме Хилари Свонк која на ревијата на Марк Кејн се појави во бело здолниште со црни впечатливи точки, креација на Кејн, во А- крој кој го имаше комплетирано со кошула во јака портокалова нијанса. Целосниот впечаток е конфузен и во најмала рака наметнува потреба актерката да побара помош од стилист, барем за појавување на јавни настани

.

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Без категорија