За WOW на неделата ја избравме Џесика Частан која на италијанскиот филмски фестивал „Ischia Global Fest“ се појави во креација од есенската колекција на Мери Катранцу, односно фустан во кралско сина нијанса од ламе, украсен со принт и гол грб. Фустанот беше комплетиран со металик златен ремен, златни сандали од Шарлот Олимпија и одлична нова фризура со шишки. Убав спој на комфорно со модерно!
За LOL на неделата ја избравме Ел Фенинг која на „Comik Con“ во Њујорк се појави во креација која го истакнува нејзиниот младешки дух, но од друга страна изгледа монотоно. Актерката носеше црвен фустан од ресорт колекцијата на Кристофер Кејн со тантела, украсен со цветни детали на рамената. Изгледот го надополни со црвени салонки и изразена жолта сенка на очните капаци. Иако е млада, сепак Фенинг постојано се појавува во креации кои не ја изразуваат нејзината прекрасна телесна конституција, а потребно е поголема смелост во комбинацијата на принтови и мејкап за да се изразат нејзините црти.