За Wow на неделата ја избравме Тејлор Свифт. Пејачката направи одличен избор на аутфитот кој не само што се вклопи во настанот, туку и одговараше на нејзината телесна структура. Фустанот од Ерве Леже беше одлично комплетиран со накит, едноставни кадрици и впечатлив црвен кармин.
За Lol на неделата ја избравме Мајли Сајрус. По настапот на доделувањето на MTV видео наградите, репутацијата на пејачката го допре дното, а во тоа допринесе и нејзиниот атуфит. Иако Мајли долго време се обидува на јавноста да и даде до знаење дека не е повеќе малата и слатка Хана Монтана, сепак начинот на кој го прави тоа е сосема погрешен. Нејзиниот изглед на црвениот килим на доделувањето на видео наградите беше впечатлив само во негативна конотација, а можеби најчудно од се е што е креација на Долче и Габана.