За WOW на неделата ја одбравме Алиша Кис која на доделувањето на наградите ARIA во Сиднеј се појави во жолт фустан од Стела Мекартни. Фустанот на горниот дел ја оцртува линијата на телото, а надоле под колковите полека се шири и натој начин ги прекрива крупните нозе на пејачката. Црномурестата пејачка изгледот го надополни со впечатлив ѓердан, златен појас околу половината и минимална шминка.

За LOL на неделата ја одбравме Наоми Харис која на настанот посветен на Нелсон Мендела во Њујорк се појави во син фустан од Бурбери и сандали кои воопшто не се вклопуваат во целосниот стајлинг. Стајлингот не би бил погрешен доколку се одлучела за друг модел на обувки со кои изгледот би добил поелегантна конотација.

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Без категорија