За WOW на неделата ја избравме Тејлор Свифт која на 49-тото доделувањето на кантри наградите во Лас Вегас се појави во црно-бела комбинација, која е секогаш добар избор. На горниот дел пејачката носеше краток бел топ, а надоле црно здолниште со длабок шлиц. Изгледот го надополни со црни сандали од Casadei и клач чанта од M2Malletier.

За LOL на неделата ја избравме Рита Ора, која се почесто е на листата за најлошо облечени селебрити. Иако сака да комбинира, сепак пејачката овој пат претерала во комбинацијата на спортски парчиња со влечки и чорапи. Рита била забележана додека го напуштала студиото во Лондон, а стајлингот и бил комбинација од блуза, дуксер и шорцеви во неон нијанси од Адидас и бели чорапи и влечки исто така од овој бренд. Спортскиот стајлинг не би бил лош избор доколку пејачката направела поинаков избор на обувки. Токму затоа таа е нашиот избор за најлошо облечена позната личност оваа недела.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Без категорија