За WOW на неделата ја избравме Кејт Хадсон која се одлучи за малку ретро изглед, односно комбинација на краток топ во сива боја, црно кожено здолниште до А-крој, Реј Бан очила за сонце, чанта од Шанел и бели салонки. Совршен дневен стајлинг!

За LOL на неделата ја избравме Фирн Котон која претерала со опуштениот изглед до степен каде што остава впечаток како да немала време доволно да се среди. Таа била забележана во тексас комбинезон комбиниран со маица во пруги, патики од Ванс со цветен принт, очила за сонце, црна чанта и црни чорапи.  Можеби кога долниот дел од стајлингот би бил поинаков впечатокот би бил подобар, но токму заради ваквиот избор, Фирн ја одравме за најлошо облечена оваа недела.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија