За WOW на неделата ја избравме Лили Колинс која на забавата на Ели Сааб се појави во креација од модната куќа и тоа краток комбинезон со џебови и еден ракав изработен од тантела. Изгледот го комплетираше со чанта и чевли на висока потпетица. Феноменална спортско – елегантна комбинација!
За LOL на неделата ја избравме Камерон Дијаз која доколку направила поинаква комбинација со фустанот би изгледала прекрасно. Актерката црниот фустан од Диор, волуменозен на долниот дел, со асиметричен крој, односно пократок на предниот и подолг на задниот дел, го комплетираше со црни хулахопки и чевли кои ја ставаат креацијата во сенка. Исто така, недостасува накит за разбивање на монотонијата. Токму затоа Дијаз е неделава на листата најлошо облечени селебрити.